Србљак со пресврт се избори за второ коло во Куршумлиска бања

Македонскиот тенисер Горазд Србљак оствари голема победа во првото коло на турнирот во Куршумлиска бања, откако го совлада Бенџамин Игнасио Торес од Чиле со 2-1 во сетови, односно 1-6, 7-5 и 6-0.

Србљак играше многу лошо во првиот сет и освои само еден гем (1-6), додека во вториот сет ги корегира своите грешки и стигна до 7-5.

Чилеанецот го загуби здивот во третиот сет и почна да прави грешки кои ги користеше македонскиот тенисер за да слави со 6-0.

Србљак во второто коло на турнирот ќе се соочи против седмиот носител Федерико Бондиоли.