Со појави снимка од приведувањето на Ѓоковиќ – барем немаше лисици на рацете (ВИДЕО)

Австралиските медиуми предмалку ги објавија првите снимки од приведувањето на Новак Ѓоковиќ, прикажувајќи го како седи во автомобил заедно со полицајци околу себе, додека влегува во гаражата на судската зграда, каде што потоа му било соопштеное дека одново му е поништена визата.

Ова е досега невиден преседан најдобриот светски тенисер да биде на ваков начин проведуван и тоа по вторпат, а доброто во целата приказна, барем според српските медуми, е што Австралијанците барем се „смилувале“ да му го остават рацете слободни односно да не го приведат со лисици.

Србинот во моментов е во притвор на тајна локација, каде што го очекува судењето пред федералниот суд во Мелбурн, кое почнува ноќеска околу полноќ по средноевропско време, кога дефинитивно ќе се знае дали ќе му биде дозволено да остане во Австралија или, пак, ќе биде депортиран со дополнителна казна од забрана за влез во следните три години.

Австралија опен почнува в понеделник, а Ѓоковиќ веќе е поставен како прв носител и одреден како противник на сонародникот Кецмановиќ во првото коло. Во случај да биде депортиран, целата ждрепка за турнирот ќе биде повторена.