Скандал: Гркот Циципас намерно го гаѓаше противникот со топче! (ВИДЕО)

Џек Дрејпер направи голема сензација на Мастерсот во Монтреал, откако во второто коло го елиминира петтиот тенисер, Стефанос Циципас со 7-5 и 7-6.

Грчкиот тенисер во првиот сет се изнервира, па во четвртиот гем направи голем скандал, откако намерно го гаѓаше неговиот ривал, а Дрејпер во последен момент избегна болен удар.

Циципас притоа не му се извини на противникот и делуваше како ништо да не се случило.