Синер по голема борба едвај го мина првото коло на турнирот во Пекинг!

Најдобриот светски тенисер, Јаник Синер, се пласираше во второто коло на турнирот во Пекинг, откако денеска, далеку потешко од очекувањата, го совлада Николас Жари (4-6, 6-3, 6-1).

Мечот траеше речиси два час, а ова беше прв триумф на Италијанецот во вториот меѓусебен дуел со противникот од Чиле. Аутсајдерот во седмиот гем од првиот сет направи брејк и неочекувано поведе, по што првиот на АТП-листата почна да игра подобро препуштајќи му само четири гема на ривалот до крајот на дуелот.

Синер во втората рунда ќе игра против победникот од мечот меѓу Швајцарецот Стен Вавринка и Русинот Роман Сафиулин. Турнирот во Пекинг се игра за награден фонд од 3,7 милиони долари.