Синер останува без тренер

Најдобриот светски тенисер, Јаник Синер оваа година ќе остане послаб за еден од своите членови на струичниот штаб.

Тренерот Дарен Кејхил заминува во пензија, а Италијанецот за австралискиот стратег имаше само пофални зборови. Синер на прес-конференцијата по неговиот меч на Австралија Опен беше запрашан и дали Кејхил ќе оди во пензија.

„Годината е долга и не сакам да зборувам за неговото пензионирање. Се чувствувам многу среќен и радосен што сум негов последен играч. Тој е неверојатен тренер и голема личност, не само за мене, туку за сите со кои работеше. За мене е голема чест што имав таква прилика. Се надевам дека ќе имаме добра сезона“, изјави Синер.

Кејхил во кариерата соработуваше и со имиња како: Андре Агаси, Енди Мареј, Ана Ивановиќ, Симона Халеп...