Симона Халеп елиминирана во осминафиналето во Мадрид

Двократната шампионка на мастерс тенискиот турнир во Мадрид, Симона Халеп денеска загуби во осминафиналето од Елис Мертенс. 

Белгијката за прв пат во кариерата ќе игра помеѓу најдобрите осум тенисерки во Мадрид, а до победата против третата фаворитка дојде со пресврт откако го загуби првиот сет со 4-6. Во следните два славеше со идентични 7-5. 

Нејзина следна противничка во четвртфиналето ќе биде петтата носителка Арина Сабаленка, која денеска убедливо ја елиминираше Џесика Пегула со 6-1 и 6-2.