Симона Халеп без голема борба дојде до 22. трофеј откако ги намали градите!

Романката Симона Халеп е победничка на мастерс-турнирот во Рим, откако го доби големото финале поради тоа што противничката и воедно бранителката на трофејот, Каролина Плишкова, го предаде мечот поради повреда при резултат 6-0, 2-1.

Ова е вкупно 22. трофеј во досегашната кариера на 28-годишната романска тенисерка, чија историја е една од најинтересните во историјата на овој спорт, а за која медиумите од нејзината матична држава велат дека има – македонско потекло.

Халеп првпат стана позната во спортската јавност уште во 2009 година, но не поради добрите игри туку поради одлуката да го намали големите гради со цел да игра подобро. Таа го стори тоа кога имаше само 17 години, по што речиси преку ноќ блесна и се етаблира како една од најдобрите тенисерка во изминатата деценија. Најспектакуларни, секако, се нејзините победи на Роланд Гарос во 2018 и на Вимблдон една година подоцна.