Шпанецот му е идол: Надал ќе игра против ривал кој на својата мачка ѝ дал име – Рафа!
Шпанецот ќе ги одмери силите со Себастојан Корса во осминафиналето од гренслем-турнирот во Париз, кој бил толку „вљубен“ во Надал поради што на својата мачка ѝ дал име – Рафа.
„Додека растев имав мачка која ја нареков Рафа. Тоа доволно говори колку многу го сакам Надал“, изјави Корда.
Шпанскиот тенисер е во обид да дојде до својот 13. триумф на „Ролан Гарос“, со што само би ја потврдил својата неверојатна доминација на овој гренслем-турнир.