Шелтон ја промени прославата откако Ѓоковиќ му „спушти слушалка“ (ВИДЕО)

Бен Шелтон по Ју-Ес Опен беше неколку дена во центар на внимание затоа што Новак Ѓоковиќ му ја ископира прославата и му „спушти слушалка“ по победата во полуфиналето со 3-0 во сетови.

Младиот Шелтон по секоја победа го изведуваше тој потег, но по поразот од Ѓоковиќ реши да ја промени прославата.

Американецот настапи на Лејвер купот, каде што славеше против Артур Филс со 2-0 во сетови, а потоа следеше необична прослава.