Сензација во Монте Карло: Ѓоковиќ загуби во второто коло!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше шокиран од Алехандро Табило во второто коло од мастерсот во Монте Карло со 0-2 во сетови, односно 3-6 и 4-6.

Ѓоковиќ го почна мечот со брејк на противнички сервис (1-0), но Табило веднаш возврати и израмни на 1-1, по што следеше израмнета игра до шестиот гем, кога Чилеанецот направи уште еден брејк, а потоа сервираше без проблеми за 6-3.

Табило ја искористи втората брејк-шанса на сервисот на Србинот во третиот гем (2-1), по што Србинот пропушти шанса да му се реваншира на ривалот и да израмни на 4-4. Чилеанецот ги искористи слабостите кај ривалот и потоа ги постави конечните 6-4 за пласман во осминафинале.

ФОТО: EPA PHOTO