
Сензација на стартот на „Ролан Гарос“ - испадна првиот носител во квалификациите!
Првиот носител на патот кон главниот турнир на овој гренслем, кој во Париз пристигна со голема самодоверба поради титулата на челинџерот во Екс-ан-Прованс каде што во финалето го совлада Стан Вавринка, не успеа да го продолжи победничкиот ритам. Иако го освои првиот сет и имаше две меч топки во вториот, една од нив и на свој сервис, не успеа да ја затвори средбата.
Французинот Дроге покажа карактер и во драматичен тај-брејк го израмни резултатот, а потоа доминираше во третиот сет. Победата над Ќориќ е најголемиот успех во неговата кариера досега. Тој во следното коло ќе се соочи со сонародникот Артур Гео.