„Повредениот“ Синер го декласира Шелтон во три сета на Вимблдон

Италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше против Бен Шелтон со 3-0 во сетови, односно 7-6, 6-4 и 6-4 за нешто повеќе од два часа во четвртфиналето на Вимблдон.

Синер, кој се жалеше на повреда во изминатите денови, не покажа никаква слабост против Шелтон и одигра доминантен меч во кој не делуваше ниту дека имал некаква повреда.

Првиот тенисер во светот најмногу се мачеше во првиот сет, кога со 7-2 го доби тај-брејкот, а следните два сета ги освои со по 6-4.

Италијанецот во полуфинале ќе игра против победникот од мечот меѓу Флавио Коболи и Новак Ѓоковиќ.

Фото: EPA PHOTO