Перез сака тениско класико на „Бернабеу“ - ќе паднат сите рекорди по посета!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез планира да организира тениско „ел класико“ на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ помеѓу двата најтрофејни тенисери во денешницата Роџер Федерер (20 гренслем титули) и Рафаел Надал (19 титули) со што би се урнале сите рекорди по посета на еден тениски меч.

Според информациите на „АБЦ“, Перез веќе на своите соработници им ја кажал големата желба и веќе се започнати таквите подготвки за епскиот меч кој би се одиграл пред 81.044 гледачи и би бил најгледан во историјата на „белиот спорт“.

Како што објавува шпанскиот медиум, од Реал Мадрид веќе го исконтактирале Надал за да му ја образложат идејата и шпанскиот тенисер се согласил на таков меч, но засега нејасно е кога би се одиграл, зашто наскоро ќе започне реновирањето на „Бернабеу“.

Потребно е да се најде термин кога Надал и Федерер би се соочиле во ваквиот ревијален меч, а притоа и стадионот да биде достапен.