Откриени трите главни причини за распадот на Ѓоковиќ во финалето на „Ју-Ес Опен“!

Убедливиот пораз на Новак Ѓоковиќ во завчерашното финале на „Ју-Ес Опен“ против Данил Медведев сѐ уште е топ-тема во светските медиуми, каде што може да се прочитаат разни анализи за причините за распадот на српскиот тенисер на чекор до влез во историјата како прв што ги обединил круните од четирите гренслем-турнири во иста година.

Менталната бариера, фактот што речиси сите однапред го прогласија за шампион и неиграњето на неговите најголеми ривали Рафаел Надал и Роже Федерер според аналитичарите се трите клучни работи поради кои популарниот Ноле остана без трофеј на терените во Њујорк.

Целата анализа може да ја прочитате на следниот линк.