Организаторите на Ју-Ес Опен удрија по џебот на Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ го дочека непријатна ситуација по завршувањето на финалето на Ју-Ес Опен против Данил Медведев.

Организаторите на гренслем-турнирот во Њујорк решија да го казнат парично српскиот ас, па така Ѓоковиќ ќе мора да плати 5.000 долари поради неспортско однесување во текот на мечот.

Засега не е откриено каков неспортски потег направил Ѓоковиќ, но се претпоставува дека казната доаѓа поради тоа што Србинот го скрши рекетот во третиот гем на вториот сет.