Официјално: Серена Вилијамс на 44 години се враќа на терените (ВИДЕО)
Американката, која во својата кариера освои дури 23 грен-слем титули во поединечна конкуренција, доби специјална покана за настап во двојки на турнирот во Квинс кој почнува на 8 јуни.
Вилијамс ќе настапи во тандем со младата канадска тенисерка Викторија Мбоко, која важи за една од најголемите надежи на новата генерација. Британските медиуми пренесуваат дека легендарната Американка би можела да настапи и во поединечна конкуренција на годинашниот Вимблдон.
Организаторите на турнирот со воодушевување го најавија нејзиното враќање.
„Кралицата се враќа! Серена Вилијамс повторно е на теренот и подготвена за настап“, порачаа од турнирот.
Враќањето го потврди и самата Вилијамс со видео на социјалните мрежи.
Фото: Serena Williams/FB