Одигра како машина: Надал загуби само четири гема за трето коло на „Ролан Гарос“!

Рафаел Надал без никакви проблеми дојде до пласман во третото коло од гренслем-турнирот „Ролан Гарос“, откако попладнево буквално го збриша од теренот Американецот Мекензи Мекдоналд (6-1, 6-0, 6-3).

Шпанецот одигра како во најдобрите денови на турнирот во Париз, дозволувајќи му на противникот да дојде до само четири гема во меч кој траеше стотина минути. Надал сервираше одлично и не му дозволи на Мекдоналд ниту една бреј-топка, што секако му го олесни патот кон следната рунда.

Следен негов противник ќе биде подобриот од пресметката помеѓу Нишикори и Траваља.