Нова сензација во Ротердам: По Медведев, Белучи го елиминира и Циципас

Италијанскиот тенисер Матија Белучи е најпријатно изненадување на АТП турнирот што оваа недела се одржува во Ротердам.

Во првото коло тој го елиминира вториот носител Данил Медведев, а денеска беше подобар од шестиот фаворит Стефанос Циципас со 2-0. Со тоа, 92. тенисер на АТП листата обезбеди пласман во полуфиналето каде ќе се сретне со уште еден кандидат за трофејот Алекс де Минор.

Втората полуфинална двојка ќе биде позната вечерва, кога ќе се одиграат дуелите меѓу Шпанците, Алкараз и Мартинез, односно Рубљев и Хуркач.