Навивачка со украинско знаме предизвика хаос на меч меѓу Русинки (ВИДЕО)

Квалификацискиот меч меѓу Ана Калинскаја и Анастасија Потапова на Синсинати го одбележа инцидент на трибините, кога една навивачка беше исфрлена затоа што на трибините се појави со украинско знаме.

Навивачката носеше украинско знаме, а ова ги вознемири Русинките на теренот, по што една од нив се пожали кај судијата Лари Морган.

На навивачката ѝ кажале дека не е убаво да седи со украинско знаме на меч меѓу Русинки, по што одговорила дека не е убаво ниту да се врши инвазија во друга држава.

Обезбедувањето на теренот ја замолило прво да го напушти теренот, а ако не се случи тоа, тогаш ќе повикаат полиција.