Научници му дадоа име на нов инсект по „Македонката“ Халеп (ФОТО)

Романската тенисерка, која има македонско потекло, Симона Халеп беше изненадена откако еден инсект го доби името токму по поранешната најдобра тенисерка во светот.

Научници на еден универзитет во Романија откриле нов инсект во близина на местото на раѓање на тенисерката, па поради тоа решија да му дадат такво име.

„Овој вид е посветен на познатата тенисерка Симона Халеп, која е родена во истиот регион на откривање на инсектот“, кажаа научниците.

Станува збор за мува, која пие крв и пренесува паразитска болест која може да зарази и луѓе и кучиња.