Најголемиот малер меѓу ѕвездите се обложи против Синер во финалето на УС Опен

Познатиот канадски рапер Дрејк објави дека се обложил дека во претстојното финале од УС Опен се обложил против првиот светски рекет Јаник Синер.

Противник на Италијанецот е Тејлор Фриц кој одигра одличен турнир, но сепак е огромен аутсајдер во дуелот со Синер кој се бори за својот втор Гренд слем трофеј во кариерата и втор оваа сезона. Според негово сопствено признание, Дрејк вложил 210 илјади долари, а очекуваната добивка изнесува 805 илјади.

Фриц веројатно не е многу среќен од ваквата одлука на Дрејк бидејќи славниот пејач е најголем малер меѓу ѕвездите. Досега тој објави еден куп облози на големите настани, но многу ретко успевал да го погоди конечниот исход.