Најдобрата светска тенисерка сензационално елиминирана од – анонимна Бразилка!

Најдобрата светска тенисерка во моментов, Ига Швјонтек, уште по второто коло го заврши настапот на мастерс-турнирот во Торонто, откако ноќеска загуби во дуелот со анонимната Беатрис Хадад Маја (4-6, 6-3, 5-7).

Бразилката до најголемата победа во кариерата дојде по голема борба, која траеше точно два часа, со што го направи најголемото изненадување сезонава во женскиот тенис. Хадад Маја во следното коло ќе игра против Белинда Бенчиќ, која беше подобра од Гарбиње Мугуруза (6-1, 6-3).

Турнирот во Канада прерано заврши и за Марија Сакари, четвртата на ВТА-листата, која беше елиминирана од поранешната број еден во светот, Каролина Плишкова (1-6, 7-6, 3-6). Нејзина следна противничка ќе биде ќе биде Чинвен Женг, која со ја совлада поранешната шампионка на Ју-ес опен, Канаѓанката Бјанка Андреску со резултат 7-5, 5-7, 6-2.