Надал загуби сет, ама без поголема мака стигна до полуфинале на Роланд Гарос

Шпанската тениска ѕвезда Рафаел Надал после четири победи без загубен сет, денеска Даниел Шварцман од Аргентина успее да му земе еден, ама аргентинскиот тенисер немаше сила за чудо, па „кралот на земјените терени“ без поголема мака со 3-1 во сетови стигна до полуфинале на неговиот омилен Роланд Гарос.

Надал победи со 6-3, 4-6, 6-4, 6-0 и сега го чека ривалот за полуфинале од пресметката на најдобриот светскки рекет Новак Ѓоковиќ – Матео Беретини, па ако успее Србинот да стигне до полуфинале, ќе има „финале пред финале“ и нова епска битка на два од тројцата најдобри и најтрофејни тенисери на денешницата.

Надал киксна во вториот сет, откако првиот го доби со 6-3, губејќи со 4-6, по што со еден брејк успеа да поведе со 2-1 во сетови, 6-4, за во третиот практично да го сомеле противникот и да не му дозволи да земе ниту еден гем.