Надал за дисквалификацијата на Ѓоковиќ: Жал ми е, се надевам дека ја научи лекцијата!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се подготвува да се врати на теренот по долга пауза, а Мастерсот во Рим ќе му биде прво натпреварување, но неговата желба е да го освои и трофејот на Ролан Гарос.

Еден од најдобрите тенисери во светот порача дека му е жал поради тоа што Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван од Ју-Ес опен и му порача дека нема среќа.

„Навистина ми е жал. Немаше среќа, а имаше одлична шанса да го освои гренслем-турнирот. Не треба да прави такви работи, но несреќи се случуваат. Се надевам дека ја научи лекцијата“, порача Надал.