
Надал се пријави на уште еден турнир по Монте Карло
Надал веќе мисли и на следните турнири на кои ќе настапи, па се пријави за учество на турнирот во Барселона на кој во минатото имаше многу успеси.
Шпанецот освои дури 12 титули, односно една повеќе од Монте Карло, додека последниот пехар во Каталонија го освои во 2021 година кога беше подобар од Стефанос Циципас.