Надал: Не „плачам“, ама да си кажам – условите се екстремни!
Токму фактот што наместо во топли временски услови какви што се на крајот од пролетта, овој пат тенисерите се соочуваат со есенски студ, кој и тоа како им прави проблеми. Прва ова го посочи Викторија Азаренка, која дури побара мечот да биде прекинат поради лошо време, а сега во тој контекст коментира и еден од најдобрите на сите времиња.
„Не дека се жалам, туку само сакам да ја кажам вистината. Моето ќмислење не се смени ниту по стартната победа. Условите се многу поразлични од оние во кои нормално се игра 'Ролан Гарос' и овие услови не се идеални за мене. Играме во Париз, но сѐ е поразлично. Условите се екстремни и тоа не ми помага поради стилот. Се игра на 10 степени и тоа ги правите работите многу поразлични од обично Сѐ што можам да направам е да останам позитивен, во наредните неколку дена ќе имам шанси за повеќе тренинзи и аклиматизација“, изјави Надал.
Токму поради ова, Шпанецот, кој во следната рунда ќе ги одмери силите со Мекензи Мекдоналд (САД), фаворитската улога за триумф на „Ролан Гарос“ им ја препушта на Новак Ѓоковиќ и на Доминик Тием.