Надал на српски му се заблагодари на Ѓоковиќ (ФОТО)

Во Саудиска Арабија заврши едно од најголемите ривалство светот на тенисот, Новак Ѓоковиќ во последниот мегусебен меч славеше против Рафаел Надал на егзибициониот турнир во Ријад со 2-0 (6-2, 7-6).

Ѓоковиќ беше подобар на теренот, а по мечот видовме емотивни сцени во кои се испраќаа емотивни пораки.

Двајцата тенисери имаа емотивни говори, по што Ѓоковиќ се огласи и на социјалните мрежи.

По објавата на Новак возврати и Надал, а му се заблагодари на Ѓоковиќ на српски.

„Ти благодарам, Ноле“, напиша шпанскиот ас.