Надал го збриша Корда за 14-то четвртфинале на Ролан Гарос

Вториот фаворит на Ролан Гарос, Рафаел Надал без никакви проблеми се пласираше помеѓу најдобрите осум тенисери откако денеска со 6-1, 6-1 и 6-2 го совлада Себастијан Корда. 

Шпанецот нема загубено сет засега на грен слемот и го подобри својот рекорд во Париз на 97 победи и само два порази во кариерата. Интересно е тоа што младиот Корда (20) е голем фан на Надал, па дури и неговиот мачор се вика Рафа. 

Надал по 14-ти пат во кариерата се пласира во четвртфиналето на Ролан Гарос.