Надал ги израдува навивачите, ќе игра на Ју-Ес Опен

Поранешниот најдобар светски тенисер Рафаел Надал го искористи заштитениот ранкинг за да влезе во главната ждрепка на последниот Гренд слем во сезоната што ќе биде можеби негов последен настап во Њујорк во кариерата.

Шпанецот е четирикратен шампион на Ју-Ес Опен, последниот пехар го освои во 2019 година, а лани не ни настапи поради повреда. Во моментов е 261. на АТП листата, а овие денови се наоѓа во Баштад каде игра на турнирот од серијата во 250 што е за него генерална проба пред Олимписките игри во Париз каде ќе игра во двојки со Алкараз.

Иако уште официјално не потврдил, оваа сезона најверојатно е последна во кариерата на Надал, освојувач на 22 Гренд слем трофеи во кариерата.