Медведев го реши Шварцман како загревање за мечот против Надал

Рускиот тенисер Данил Медведев го победи Диего Шварцман со 6-3 и 6-3 во последниот меч од групната фаза на завршниот турнир во Лондон.

Медведев и пред натпреварот знаеше дека е пласиран во полуфинале, но и покрај тоа одигра одличен меч. Првиот сет го реши со два брејка на противнички сервис, во третиот и деветтиот гем.

Во вториот сет се водеше израмнета борба во поголемиот дел, па на Медведев му беше доволен само брејк во четвртиот гем (3-1) за на крајот да стигне до 6-3.

Русинот во полуфинале го чека дуел со Рафаел Надал, од кој досега загуби на три меѓусебни меча.