Медведев ги „ограби“ Саудијците - за 69 минути им зеде 1,5 милион долари

Вчера во Ријад почна егзибицискиот турнир „Слем шест крала“, на кој учествуваат шест големи тениски ѕвезди иако тие во моментов не се најдобри на АТП листата.

Првиот ден, на теренот се појавија Алкараз, Руне, Синер и Медведев, а двата меча завршија со резултат 2-0. И додека Руне колку-толку го намачи Алкараз, тоа не може да се каже за Данил Медведев, кој го одигра можеби најлошиот натпревар во кариерата. Во дуелот со Синер, не само што загуби со 0-2, туку освои само три гема, сите во вториот сет откако првиот заврши со 6-0 за првиот светски рекет.

За своето учество на турнирот, односно 69 минути поминати на теренот, Медведев заработи 1,5 милион долари колку што им следува на сите шестмина тенисери кои се појавија во Ријад. Додуша, истото важи и за Руне кој остана три минути подолго, но од него и не се очекуваше нешто посебно со оглед на тоа што е 14. на АТП листата, а оваа сезона игра катастрофално. Медведев е на петтата позиција, а е поранешен прв светски рекет и освојувач на гренслем-трофеи.

Аналитичарите преметале дека за секоја минута на теренот, Медведев заработил 21.739 долари, односно 362 во секунда. Победникот на турнирот добива вкупно 6 милиони долари.