Мастерсот во Мадрид ќе биде најнова „жртва“ на Ковид-19?

Здравствените организации во Шпанија го советуваа раководството на Мастерсот во Мадрид да не го организираат турнирот следниот месец поради зголемениот број на заболени од коронавирус.

Мастерсот е закажан да се одржи од 12 до 20 септември и тој треба да биде важен турнир за сите кои ќе се подготвуваат за Ролан Гарос, кој е закажан за 27 септември.

„Организаторите на Мастерсот во Мадрид се во блиска комуникација со здравствените организации и министерството за спорт. На последниот состанок, кој беше одржан на 29 јули поради зголемен број на случаи во Мадрид, организаторите покажаа загриженост за одржување на турнирот без никакви здравствени компликациии кои би можеле да влијаат на тенисерите, тренерите и останатите лица. Поради тоа, организаторите бараат помош од заменик секретарката за јавно здравје и добивме совет да не го организираме турнирот“, пишува во соопштението.

Организаторите соопштија дека ќе донесат одлука за брзо време и таа ќе биде поврзана со препораките кои ќе бидат донесени.