Мартина Навратилова: Колку што знам, немам повеќе рак!

Една од најуспешните тенисерки на 20. век, Мартина Навратилова, соопшти дека го победила ракот на грлото и на дојка, во интервју со англискиот новинар Пирс Морган.

Родената Чехинка, која е американски државјанин повеќе од 40 години во јануари објави дека се справува со тешка дијагноза, со двоен рак и на дојка и на грлото, но утрово ја соопшти добрата вест.

„Колку што знам немам повеќе рак. Ова дефинитивно беше најтешкото нешто што требаше да го направам во животот. Кога дознав (првата недела од декември 2022), бев во паника. Ми дојде во глава листа со работи кои сакам, а не сум ги остварила во животот. Си реков ќе го дочекам овој Божиќ, но дали ќе го дочекам следниот“, изјави 66-годишната тенисерка.

Сепак, лекарите ѝ рекле дека ракот е во рана фаза и дека шансите за да го победи се преку 90 проценти. Сега ѝ останува уште две недели превентивно зрачење и потоа и дефинитивно ќе заврши со третманите. Таа е 59-кратна освојувачка на грен-слем: 18 во сингл, 31 во двојки и 10 во мешани двојки. Таа е една од првите спортисти кои јавно ја соопштија својата хомосексуалност. Поради тоа ѝ беше одземено државјанството на Чехословачка, па од 1975 година живее во САД.