Мареј: Сакам да играм финале на Вимблдон против Надал или Ѓоковиќ

Британскиот тенисер Енди Мареј кажа дека сака да заигра во финалето на Вимблдон, а противник да му биде Рафаел Надал или Новак Ѓоковиќ.

Мареј во претходните години имаше лоши резултати, како и операција, но сега се надева на успех.

„Големите натпревари се причина зошто сè уште играм тенис. Не сум тука за да играм само во второ коло, туку да заиграм во финале против Ѓоковиќ или Надал“, кажа Мареј.