Лесно е пред своја публика: Осака четвртфиналистка на ВТА турнирот во Осака

Четвртиот светски рекет, Јапонката Наоми Осака, избори четвртфинале на ВТА турнирот во Осака, победувајќи ја Бугарката Викторија Томова.

Во меч што траеше еден и пол час игра Јапонката пред домашната публика ги доби двата сета со 7-5, 6-3.

Претходно, во четвртфиналето место обезбедија Елис Мертенс (Белгија) и Анџелика Кербер (Германија) и Медисон Кис (САД).

Наградниот фонд на турнирот изнесува 757.900 долари.