Криминалци го искористиле Ѓоковиќ за да направат - финансиска измама!

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ бил мета на криминална организација, која го искористила неговиот лик за да направи голема финансиска измама.

Српските медиуми пишуваат дека на еден сајт било направено рекламирање на дигитналната валута „биткоин“, а се појавило и лажно интервју со Ѓоковиќ, во кое тој ги повикал српските граѓани да вложат пари во валутата за да се збогатат преку ноќ.

Во лажниот текст било напишано дека Ѓоковиќ гостувал на една српска телевизија и тогаш кажал дека „биткоинот“ е главен начин за заработување на пари.

„Мојот главен начин за добивање заработка е новиот програм на автоматското тргување со криптовалути. Тоа е најдобра шанса да се добие мало богатство во краток период. Ги повикувам сите што е можно побрзо да го искористат додека банките не го суспендирале“, пишува во лажната изјава на Ѓоковиќ.