
Крај на дведецениска ера: Надал повеќе не е меѓу најдобрите во светот!
Кога Шпанецот последен пат беше најдвор од првата десетка, Роже Федерер имаше само четири гренслем-титули, Новак Ѓоковиќ беше 153. на листата додека актуелниот лидер, Карлос Алкараз имаше само – две години.
Надал во годината влезе како број два, но потоа следуваше лошиот настап на Австралија Опен, каде што ја бранеше титулата, но поради повредата која ја имаше, беше елиминиран во втората рунда. Евентуално враќање на Надал во Топ 10 се очекува кога ќе почне сезоната на земјена подлога, каде што „бикот од Мајорка“ се уште се смета неприкосовен.