Кирјос откри какви пораки добил од Ѓоковиќ

Ник Кирјос му даде поддршка на Новак Ѓоковиќ во борбата против австралиските власти, а потоа во една емисија откри дека добил повратна порака од најдобриот тенисер во светот.

Кирјос со години секогаш беше против Ѓоковиќ, но во момент на големата драма тој застана на страна на Србинот.

„Лично ме контактираше Ѓоковиќ преку Инстаграм и ми се заблагодари што сум со него, зашто не очекуваше јас јавно да давам изјави за медиумите. Ми напиша дека се обидувам да ја разберам ситуацијата и имам објективност“, открива Кирјос.

Кирјос потоа зборуваше за целата ситуација во Австралија со вакцините.

„Разбирам дека Циципас има поразлични погледи на вакцинацијата, Надал може да каже што сака, но јас се прашувам каде е поддршката. Кога го поддржав Ноле, добив многу пораки за тоа како сум можел да направам таков потег. Ѓоковиќ бараше само разбирање...“, вели тенисерот.