Кирјос налути детенце по едно прашање за Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Австралискиот тенисер Ник Кирјос не го сака Новак Ѓоковиќ и тоа одамна на сите им е јасно, а често ги користи своите можности за да го „пецне“ Србинот.

Кирјос во разговор со едно детенце се правеше дека не го познава Србинот, а тоа го налути малото момче.

„Не го заборавај Новак Ѓоковиќ“, кажа момчето.

„Кој? Кој е тој?“, праша Кирјос, по што момчето се изнервира и му објасни дека станува збор за српски тенисер.