Ким Клајстерс по осум години се врати на тениските терени и претрпе елиминација (ВИДЕО)

Белгиската тенисерка Ким Клајстерс се врати во белиот спорт по пауза од осум години. Поради поведа го пропушти овогодинешното издание на Австралија опен, но затоа истрча на теренот во Дубаи.

Сепак, уште на самиот старт претрпе елиминација, па очигледно ќе биде потребно некое време да се врати во нејзината стара форма. Сепак, сите оние кои го гледаа денешниот натпревар беа воодушевени од нејзината игра.

Таа беше поразена од Шпанката Гарбине Мугуруза, која е деветти носител на турнирот, со 6-2, 7-6, додека Белгијката настапуваше со специјална покана.