Израел беше (пре)лесен залак за македонските тенисерки на БЏК-купот

Македонските тенисерки го освоија четвртото место на Били Џин Кинг купот, откако денеска Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска ја обезбедија победата против Израел (2-0).

Стоилковска беше незапирлива за Милка Бучник и во првиот сет славеше со 6-2, додека во вториот сет налета на поголем отпор на противничката, меѓутоа беше подобра со 6-4.

Ѓорческа одигра безмилосно против Карин Алтори и не ѝ дозволи на тенисерката од Израел да освои ниту еден гем, односно оствари победа за 36 минути со 6-0 и 6-0.

Македонија со оваа победа го освои четвртото место на Били Џин Кинг купот во Втората Евро-африканска зона.