Ивановски помина уште една пречка во Мадрид - се пласира во четвртфинале

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски продолжува со одличните настапи, сега реди победи на турнирот во Мадрид, негова жртва беше и домашниот тенисер Молино.

Ивановски за еден час и десет минути со 2-0 во сетови го победи шпанскиот тенисер Молино и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мадрид.
 
Ивановски релативно лесно го совлада противникот, првиот сет го доби со 6-4, а во вториот беше подобар со 6-2.
 
Македонецот денеска има уште една задача во Мадрид, од 12 часот настапува и на турнирот во двојки, ќе се бори за пласман во полуфинале.