Ивановски елиминиран во квалификациите за Челенџер турнирот во Задар

Македонскиот тенисер Калин Ивановски доживеа елиминација во првото коло квалификациско коло за Челенџер турнирот во Задар.

Ивановски во меч кој траеше два часа и 14 минути загуби од Даниел Мичалски од Полска со 2-1 (6-4, 4-6, 6-1) во сетови.

Добро се бранеше Ивановски и пружи силен отпор, но на крајот претрпе елиминација.

Мичалски првиот сет го доби со 6-4, но потоа Ивановски возврати на ист начин за израмнување. Сепак, во последниот полскиот тенисер доминираше и на Ивановски му дозволи само еден гем.