Иванишевиќ откри кој би можел да биде совршен ренер за Ѓоковиќ

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ зборуваше за иднината на најдобриот тенисер во светот.

Иванишевиќ кажа дека најдобар тренер на Ѓоковиќ би му бил Ненад Зимоњиќ на долгорочен план.

„Разговарав со Зимоњиќ и пред да дознаам дека Новак му се јавил. Мислам дека тој е одличен избор за Ѓоковиќ на долгорочен план. Може да му помогне многу и да ја подобри неговата игра“, кажа Иванишевиќ.