Историја: Во Њујорк се сретнаа најдобриот фудбалер и најдобриот тенисер на – сите времиња (ФОТО)

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, се подготвува во Њујорк за настапот на Ју-Ес опен, кој почнува в понеделник, а пред почетокот на турнирот имаше можност да се сретне со легендата на фудбалот, Лионел Меси.

На социјалните мрежи се појави негова фотографија со аргентинскиот магионичар, кој сезонава од ПСЖ се пресели во Интер Мајами, што според многумина е историска со оглед што на неа се најдобриот фудбалер и најдобриот тенисер на сите времиња. Двајцата во неколку наврати потенцираа дека имаат голема почит еден кон друг, па Новак на Мундијалот ја поддржуваше Аргентина и отворено навиваше за Меси, додека Аргентинецот проговори за Србинот, кога тој го подигна десеттиот трофеј на Австралија опен.

„Сè уште станувам емотивен кога на социјалните мрежи гледам снимка од Ѓоковиќ како го крева трофејот на Австралија Опен“, рече Меси за време на првата прес-конференција по титулата.

Фотографијата доби милиони лајкови и илјадници коментари и споделувања, како сведоштво на една ера во светскиот спорт.