Исполнување на детски сон, во главна улога - Господин Федерер (ВИДЕО)

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Роџер Федерер е омилен меѓу многу генерации навивачи, а сега покажа и зошто. Иако го мачат голем број повреди и има 41 година, сепак не се откажува од тенисот, па така ја искористи паузата да му го исполни сонот на едно дете.

Изјан Ахмад во 2017 година го замоли Швајцарецот да остане на тениските терени барем уште осум или девет години за да може еден ден да се соочат на теренот, а Федерер се согласи на такво нешто и реши да си го исполни ветувањето.

Момчето во јуни замина во Швајцарија на тренинг, а таму ветеранот го пречека и го следеше секое негово движење, по што на Ахмад му најавија дека конечно на рингот ќе се соочи со достоен противник, по што на спротивната страна излезе Федерер.