Хаос во Дејвис купот: Летаа шишиња во Мароко - полиција ги спасуваше Колумбијците!
Тензиите тлееја во текот на целиот дуел, а кулминацијата дојде откако Николас Мехија го донесе решавачкиот поен за Колумбија. Тој го совлада Редa Бенани со 2-1 во сетови и обезбеди трет, победнички бод за својот тим. Но, наместо спортска прослава – следеше провокација. Мехија бурно го прослави триумфот, што жестоко ги разгневи домашните навивачи.
Нивната реакцијата беше брутално – на теренот беа фрлани шишиња и тврди предмети, а дек од навивачите се обидоа да влезат на теренот и физички да се пресметаат со гостите Ситуацијата ескалираше до таа мера што локалната полиција мораше да интервенира, а колумбиската репрезентација беше спроведена под полициска заштита до хотелот.