Гркот Циципас го декласира Руд за трета титула во Монте Карло

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас славеше против Каспер Руд со 2-0 во сетови, односно 6-1 и 6-4 и го освои мастерсот во Монте Карло, а тоа воедно беше негов трет пехар на турнирот.

Циципас беше доминантен во првиот сет и го освои со 6-1, додека во вториот сет Руд даде поголем отпор, но тоа не го запре Гркот да го освои пехарот.

Гркот досега ја освојуваше титулата во Монте Карло во 2021 и 2022 година, а со денешната победа повторно се враќа во топ-10 на АТП-листата.