Господин: Федерер прв од тенисерите донира „милионче“ за борбата против Ковид-19!

Најдобриот тенисер на сите времиња, Роже Федерер, се приклучи во низата спортисти кои деновиве одвојуваат дел од своето богатство во корист на разните фондови за борба против коронавирусот, но и порати економскиот крах кој полека се случува поради оваа пандемија.

Тој донира милион франци за помош на семејствата чија финансиска сигурност е загрозена од болеста Ковид-19.

„Ова е предизвикувачки период за сите нас и никој не смее да остане настрана. Мирка и јас лично одлучивме да донираме еден милион швајцарски франци за најзагрозените семејства во Швајцарија. Овој наш допринос е само старт. Се надеваме дека и другите ќе ни се приклучат и ќе поддржат повеќе фамилии на кои тоа им е потребно. Заедно можеме да ја пребродиме оваа криза! Останете здрави!“, напиша Федерер на социјалните мрежи.

Деновиве медиумите пишуваа за слични донации на многу други спортисти, меѓу кои се Лео Меси, Кристијано Роналдо, Пеп Гвардиола...