Ѓорческа тргна со триумф против Ене во Чешка

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, имаше кратка пауза по освојувањето на трофејот во двојки во Хехинген, Германија, а денеска со победа се врати на тениските терени.

Ѓорческа денеска беше подобра од Кристина Ене на стартот на турнирот во Чешка со 6-4 и 6-4, па така ја продолжи серијата на победи.

Македонската тенисерка утре ќе ја дознае својата противничка во следното коло, откако ќе биде комплетирана првата рунда.